Thursday, July 12, 2012

12 светлечки објекти забележал Трајче М. на небото над Скопје минатата ноќ меѓу 00:15 и 00:30 часот. Вели дека сведоци на настанот биле уште 500 - 1000 скопјани кои за време на случувањето стаписано гледале во небото.(обновено во 17.21)

Во писмото упатено до нашата редакција заедно со фотографиите кои Трајче ги направил со својот мобилен, пишува дека 4 пати прелетале групи од по 3 летала.
- Се движеа многу ниско во колона. Нивните движења беа на моменти физички невозможни(барем физиката што ние ја знаеме). Како што се движеа по замислена патека на крајот сите еден по еден од иста точка под лак од отприлика 70-80 степени, нагоре со огромна брзина исчезнуваа надвор од атмосферата.Целиот настан траеше максимум до 3-4 минути – пишува скопјанецот кој ова го видел седејќи на кејот на Вардар во Аеродром.

Тој вели дека не се работело за авиони бидејќи нивното движење не било проследено со звук, немало траги од сечењето на воздухот како кај авионите, и ниеден авион не би можел за толку кратко време (отприлика 3-4 секунди) да ја напушти земјината атмосфера со толкава голема брзина.

***

По објавувањето на сведочењето на скопјанецот Трајче М., до редакцијата на Канал 5 стигна уште едно писмо со исто информации. Скопјанката Биљана З. тврди дека неколку минути по полноќ во неделата ги забележала светлечките објекти на небото од скопската населба Аеродром. Таа направила и фотографија која ја испрати до нашата редакција.

Чудни полиња кај Кочани

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=AffEBCeY_7E

Чудни полиња кај Скопје

http://www.youtube.com/watch?v=RnxVrWKEIrM&feature=player_embedded#!

НЛО кај Штим (Карбинци)


Параглајдерист викендов снимил чуден знак со правилни форми, направен на едно поле во штипско. Видеото го поставил на youtube, каде за само еден ден предизвика вистинска сензација во целата држава.

Под описот на видеото може да се забележи неговиот коментар во кој вели – „летам од 2004-та и сум летал над цела Македонија. Никогаш не сум видел ништо слично.“
Вакви појави се регистрирани на повеќе локации низ светот и за нив се шпекулира дека се направени од вонземјани, но за прв пат вонземјаните решија да го остават својот печат на македонска земјаhttp://www.youtube.com/watch?v=DQvjopK0eMY&feature=player_embedded

НЛО кај скопска населба Аеродром


НЛО снимено кај скопски аеродром од страна хеликоптер на МВР.

Wednesday, June 20, 2012

Чудовиште во Преспанско Езеро

http://www.youtube.com/watch?v=tI35LTpq8uw&feature=player_embedded
Жителите од селото Лаимос од грчката страна на Преспанското езеро тврдат дека во езерото има чудовиште. За тоа имаат и фотографии како доказ. Некои рибари тврдат дека го виделе и дека слушале необични гласови додека ловеле риби. Новинарката од BBC направи прилог во кој ја истражува мистеријата.

Струшки нуркачи извадија камен со крст од дното на Глобочичко Езеро

На 12ти мај 2012та година нуркачкиот тим од Струга извади камен од потопената црква Свети Илија од дното на Глобочичкото езеро, по барање на црковниот одбор и месната заедница од село Глобочица. Каменот со крст ќе биде вѕидан во новата црква која е во изградба. Моментот на вадењето на каменот е на  10тата минута.http://www.youtube.com/watch?v=Vl-godM5rP8&feature=player_embedded#!